Бродот со 12-те имигранти од Албанија тргна за Бари
По само два дена престој во кампот во Ѓадр, Албанија, 12-те мигранти од Бангладеш и Египет заминаа за Бари, Италија.
По само два дена престој во кампот во Ѓадр, Албанија, 12-те мигранти од Бангладеш и Египет заминаа за Бари, Италија.
-Патролниот брод на италијанската крајбрежна стража денеска претпладнево пристигна на пристаништето Шенѓин. Откако ги зема имигрантите отплови кон Бари, објавија медиумите.
Ова откако одделот за имиграција на судот во Рим вчера одлучи дека нивниот притвор во кампот во Ѓадр е неважечки, со аргумент дека тие не доаѓаат од безбедни земји.
Тие треба да стигнат во Пуља и иако нивното барање за азил е одбиено, ќе имаат 14 дена одговор на жалбата.
Шеснаесет имигранти од Бангладеш и Египет беа фатени на 13 октомври од Guardia di Finanza и донесени во Ѓадар, врз основа на договорот Италија-Албанија.
По првата контрола во прифатниот центар во Шнѓин четворица беа вратени веднаш, двајца малолетници и двајца со влошена здравствена состојба.