Брнз: САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ

„САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог за почеток на преговори“ порача синоќа американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз.

„САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет“ – порача Брнз во објавата, која синоќа беше објавена на Фејсбук страницата на американската Амбасада.

„Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред“ – истакна Брнз.