Мандатарката за состав на новата Влада на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека владата ќе продолжи да се бори да не воведува санкции кон Русија бидејќи, како што вели, тоа е принципиелната политика што ја води.
Вака таа одговори на поплаките дека не е донесена одлука за воведување санкции кон Русија.
Потсетувајќи дека за ова многу зборувал српскиот претседател Александар Вучиќ, Брнабиќ вели дека на граѓаните им е јасно дека владата и државата ќе се борат, како што се борат седум, осум месеци, да не воведат санкции кон Русија.
– Ако дојде моментот кога веќе не можеме да не воведеме – како ќе гласа владата е за владата. Власта гласа и излегува со став. Нашиот став е дека ќе се бориме колку што можеме да не се воведат санкции кон Русија бидејќи тоа е во согласност со нашата принципиелна политика. Се надевам дека ќе протуркаме – рече таа.