Брнабиќ: Протестите за литиумот се претворија во протести против науката и здравиот разум

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска оцени дека протестите поради најавата за ископ на литиум во Србија се претворија во „протести против науката, против здравиот разум и протести на теоретичарите на заговор“.

„На нив зборуваат луѓе кои веруваат во хемикалии, луѓе кои велат дека не ни треба геолошка професија, дека треба да се затворат сите рудници, зборуваат за сатанизам, се борат против банкарскиот систем, шират паника и страв“ – рече таа во интервју за весникот „Здраво“.

Според неа, проектот „Јадар“ ќе донесе нови работни места, подобри плати и животен стандард во Србија, особено во западна Србија, а земјоделската дејност може да продолжи бидејќи рудникот е под земја, а не отворен коп.

„Србија би станала снабдувач на стратешки суровини и производи, па нашето влијание во светот и во Европа би се зголемило. Се подразбира дека сето тоа се прави со почитување и примена на најстрогите мерки за заштита на животната средина“, оцени Брнабиќ.