Мандатарката за состав на новата влада во Србија, Ана Брнабиќ, истакна дека погребот на британската кралица Елизабета Втора бил беспрекорно организиран.
„Организацијата беше беспрекорна. Неверојатно е да се има толкав број функционери на едно место, а се работи како часовник. Беше животно искуство да се биде во Лондон тие два дена, да се видат луѓе кои излегоа на улица и се собраа во тага, но и го славеа нејзиниот живот и посветеност на земјата. На улиците имаше повеќе од два милиони луѓе“ – рече Брнабиќ.
Како што вели, тоа национално единство ја инспирирало.
„Размислував како да го реплицирам тоа чувство на национално единство овде во Србија, бидејќи некој секогаш успева делумно да не подели. Тоа време го искористив и да се сретнам со голем број светски претставници“ – истакна Брнабиќ.