
Брнабиќ: Опозицијата не успеа да ја блокира работата на Собранието
И покрај блокадата на опозицијата на вонредната седница на српското Собрание, таа заврши со расправа на дневниот ред, по што е најавено нејзино продолжување за утре и гласање за избор на нов министер за економија.
– Одиме на ребаланс, од 1 октомври ќе има дополнително зголемување на пензиите за 5,5 отсто, до крајот на септември ќе плаќаме по 10.000 еднократна помош на секое дете до 16 години што аплицирало за помош. Досега аплицирале 947.000 деца, ќе добијат помош, затоа што не отстапивме и никогаш нема да отстапиме, рече Брнабиќ.
„Дали успеавте да ја блокирате работата на Собранието? Не успеавте! Успеавме да се избориме за ребаланс на буџетот, успеавме! Одиме понатаму, да живее Србија“, додаде Брнабиќ.
Претходно преставници на опозицијата порачаа дека сите одлуки на Собранието нема да ги смета за легални.
Расправата во Собранието се одвиваше со хаос и блокада на работата од опозицијата која упати свирежи и извици „крадци“.
Претходно, денеска проевропската опозиција по осумнаесетте протести на Србија против насилството и по одржаниот состанок, на прес-конференција во Собранието побара од властите одржување итни парламентарни и белградски избори до крајот на оваа година. Тие најавија блокада на седниците на Собранието до добивање одговор од властите и нов протест „Србија против насилството“ во петок, до ТВ Пинк.
– На барањата и блокадата на проевропската опозиција се придружи и десницата, изјави лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.