Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на конференцијата за човекови права во рамки на настанот Европрајд 2022 рече дека „добро е да се зборува“ и дека таа е „веројатно единствената личност која е дискриминирана во двете заедници“. Српските медиуми јавуваат дека десетици ЛГБТ активисти со свирежи ја пречекале премиерката во Домот на младите во Белград.
„Мислам дека е добро да се зборува и не мислам дека ова е дијалог и јас сум веројатно единствената личност која била дискриминирана од двете заедници и првата жена политичар во оваа земја и регион која не се плашела и не била „Не се срамам што сум ЛГБТ. Ова е мојата борба“ – рече премиерката на Србија.
Активистите во конференциската сала извикуваа „Гордоста е протест“, „Ги сакаме нашите човекови права“ и „Сакаме гордост“ и ја исвиркаа премиерката. Таа им порача да престанат да ја критикуваат, пренесува „N1 Србија“.
„Давам сѐ од себе, ја зголемив видливоста на заедницата и ако барем еден човек се чувствува подобро. Ги поместувам границите за барем еден метар, правете го истото и сите ќе бидат исти, престанете да критикувате. Се дадов себеси, нема друго право освен тоа што го имате и вие, а тоа не се многу права, се согласувам. Не сум оженета. Не можам да се венчам, живеам во нерегистрирано партнерство, не можам да посвојам дете“ – изјавила Брнабиќ.
На извиците на активистите „Ќе шетаме во сабота“, Брнабиќ одговори: „Никој не може да ве спречи да одите, тоа е основно човеково право“.
„Немаше да бидеме овде денес да не го потпишав писмото за поддршка. Немаше да го имате Прајд како што го имавте од 2014 година, кога партијата на која припаѓам го обезбеди тоа во Белград и Србија. Овде ги поместуваме границите затоа што ова е прва Европрајд во Југоисточна Европа“, рече Брнабиќ.
За потсетување, Министерството за внатрешни работи на Србија донесе одлука за забрана на маршот на учесниците на Еуропрајд во сабота на 17 септември.