Брнабиќ во Сремска Митровица: Се бара формирање на заедница на српските општини

Премиерката на Србија – Ана Брнабиќ беше во посета на Северна Митровица и изјави дека сака да пренесе пораки за мир, стабилност и толеранција.

Брнабиќ нагласи дека сега е време да се формира Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, и рече дека тоа ќе го повторува насекаде каде што ќе оди – од Митровица до Брисел и Пекинг.

„Каде и да одам, вклучително и Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз и другите светски центри Москва, Пекинг, Абу Даби, секаде најважна и најголема тема ќе биде формирањето на Заедницата на српските општини. Ќе продолжиме да инсистираме на ова секој ден“ – рече Брнабиќ.

Таа беше примена од претставници на Српската листа – најголемиот политички субјект на косовските Срби. Ја пречекаа вработените во институциите финансирани од државниот буџет на Србија.

Тие држеа плакати со зборови на поддршка, како што се: „Се додека ги имаме Вучиќ и нашата Ана, не се плашиме од ништо.

Ова е прва посета на Брнабиќ на Косово откако беше избрана за шеф на српската влада во 2017 година.