Британците кои ќе им понудат покрив над глава на бегалците од Украина ќе добива 350 фунти (420 евра) месечно од државата. На тој начин Владата во Лондон искажува благодарност на граѓаните за гестот.
Програмата „Домови за Украина“ предвидува граѓаните кои ќе обезбедат бесплатно сместување во период од најмалку 6 месеци ќе добиваат 420 евра месечно, без разлика колку бегалци ќе примат, јавија локалните медиуми.
Поединци, добротворни организации, заедници и компании ќе имаат право да го доведат на безбедно секој што бега од рускиот напад врз Украина.
Бегалците кои ќе дојдат во Британија ќе можат да останат 3 години и ќе можат да работат и да имаат услуги од државата.