Британски Телеграф: Германија е против членството на Украина во НАТО

Германија планира на претстојниот самит на НАТО во Вилнус на 11 и 12 јули да инсистира Украина да не добие членство во НАТО, пишува британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извор од Алијансата.

Истиот извор наведува дека Берлин планира да побара од останатите членки на НАТО да се фокусираат на безбедносните гаранции за Киев, а не на членството, за да се избегне ризикот од влегување во конфликт со Русија.

Според „Телеграф“, Америка, Британија и ЕУ во моментов работат на „Букурешт плус“, серија билатерални безбедносни понуди за Киев, наместо членство во Алијансата.