Британски пратеник поднел оставка, гледал порнографски содржини во Парламентот

Нил Периш – британскиот пратеник е суспендиран од Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон, а вчера изјави дека поднел оставка откако признал дека „двапати во момент на лудило“ гледал порнографска содржина на неговиот телефон за време на седницата на Долниот дом на Парламентот.

Во петокот Периш беше суспендиран откако тој сам се пријавил кај комесарот за стандарди на британскиот парламент поради каење.

„Го навлеков гневот на колегите и семејството и му наштетив и на моето семејство и на мојата изборна единица, едноставно нема смисла да продолжам понатаму“ – рекол Периш во интервју за „Би-Би-Си“.