Поранешниот главен научен советник на британската влада, Патрик Веленс, денеска изјави дека нова пандемија е апсолутно неизбежна и ја повика новата британска влада да се фокусира на подготовката за тоа, предупредувајќи дека се уште не е подготвена за такво нешто.
Говорејќи на панелот на фестивалот Хеј во велшкиот округ Паус, Веленс рече дека е одлично што ќе се одржат избори бидејќи има очигледни прашања што треба да се решат, објави Гардијан.
Една од работите што треба да ги направи следната влада е да спроведе подобар надзор за да може да открие пандемии што доаѓаат, рече тој.