
Британски медиуми: Договорени се 20 илјади фунти по мигрант, Македонија е прва држава која се согласила на ваков договор?!
Владата наводно бара безбедносни гаранции и инвестиции во замена за кооперација која што ја рефлектира дипломатската комплексност и сензитивност на проблемот, пишува британски Експрес.
Македонија ќе добива финансиска помош за секој прифатен мигрант, а планот има за цел да ги охрабри барателите на азил да бараат работна виза и азил во Македонија.
Сепак пристапот на Северна Македонија е претпазлив и прагматичен откако останатите Балкански држави како Албанија и Босна и Херцеговина одбија веднаш да бидат инволвирани посочувајќи ги како проблем лимитираните капацитети и националните интереси.
Владата наводно бара безбедносни гаранции и инвестиции во замена за кооперација која што ја рефлектира дипломатската комплексност и сензитивност на проблемот, пишува британски Експрес.
Велика Британија ќе и исплаќа на Македонија до 20 илјади фунти по депортиран мигрант согласно новиот договор за „повратни центри“ кој има за цел да го забрза процесот на депортирање на индивидуи кои немаат легално право да останат во Обединетото Кралство.
Договорот е дел од напорите на британската Влада за партнерство со трети држави кои би ги прифатиле мигрантите кои не можат да бидат вратени во нивните матични држави поради легални или практични пречки. Согласно последните објави, платежната структура има со цел да и помогне на Северна Македонија во трошоците за престој и како дополнителна мотивација со цел соработка со договор кој најпрвин би го покрил пробниот период.
Инсајдерските информации говорат дека договорот со Македонија е првиот од таков тип на Обединетото кралство и претставува промена кон процесирање надвор од британска територија или модели на релокација претходно тестирани од други европски држави, пренесува Експрес.