Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: „Умре како херој“

Пејачот на хип-хоп група која свиреше пред пожарот да убие повеќе од 50 луѓе „умре како вистински херој“ враќајќи се во пеколот за да ги спаси своите млади обожаватели, а не себеси, изјави неговиот менаџер, пишува „Индипендент“.

Угледниот британски онлајн весник „Индипендент“ посвети поголем текст за трагедијата во Кочани, во која фокусот го става на смртта на Андреј Ѓорѓиески, еден членовите на бендот ДНК, кој трагичната вечер во дискотеката „Пулс“ имаа настап.

Под наслов: „Пејачот ‘умре како херој’, втрчувајќи во пожар во ноќен клуб во Македонија за да ги спаси младите обожаватели“, британскиот медиум со долга традиција пишува дека пејачот на ДНК бил опишан како „добар и скромен“.

Пејачот на хип-хоп група која свиреше пред пожарот да убие повеќе од 50 луѓе „умре како вистински херој“ враќајќи се во пеколот за да ги спаси своите млади обожаватели, а не себеси, изјави неговиот менаџер, пишува „Индипендент“.

Извештаите сугерираат дека 1.500 луѓе, вклучително и малолетници, биле во ноќниот клуб „Пулс“, во Северна Македонија, каде што ДНК настапувале кога се запалил покривот.

Букинг менаџерот на хип-хоп групата Спасоски изјавил за „Индипендент“ дека Андреј можел да побегне, но избрал да се сврти.

Тој рече: „Да, точно е. Никогаш во животот не сум сретнал толку добра и скромна личност“.

Запрашан дали сака правда за смртните случаи на местото на настанот, Спасоски додал: „Се надеваме дека ова ќе не освести сите како народ и дека државата нема да дозволи да ни се повторуваат вакви трагедии“, пишува „Индипендент“, при што дава приказ и на другите активности што се преземаат во земјава во врска со овој трагичен настан.