Британските разузнавачки служби тврдат: Андреј Аверјанов стои зад авионската несреќа на Пригожин!

Британските разузнавачки служби го имаат главниот осомничен за авионската несреќа во Русија во која загина лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Нивните информации се дека зад несреќата стои генерал-мајор Андреј Аверјанов.

Британски „Скај њуз“ пишува дека во авионот „Ембраер 600“ загинаа десет лица, меѓу кои и Дмитриј Уткин, еден од основачите на таа паравоена единица, а зад несреќата е Андреј Аверјанов.

Кремљ ги негираше тврдењата на британските и украинските тајни служби дека стои зад смртта на Пригожин, додека професорот и безбедносен аналитичар Мајкл Кларк вели дека Аверјанов претходно го заменувал Пригожин на чело на „Вагнер“ во Африка.

Аверјанов ја води единицата 29155 на ГРУ (руската разузнавачка служба), која спроведува операции во странство по налог на Владимир Путин.

Оваа единица е поврзана со многу убиства, вклучувајќи го и она на рускиот шпион Александар Литвиненко.