Британската полиција е подготвена за секое сценарио за време на посетата на Трамп

Британската полиција соопшти дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на САД, Доналд Трамп, оваа недела.

Британската полиција соопшти дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на САД, Доналд Трамп, оваа недела.

-Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициската и безбедносната операција што ги зема предвид речиси секое можно сценарио што би можело да се случи, рече помошникот на главниот комесар Кристијан Бант од британската полиција.

Бант рече дека ќе има значителна, многу видлива полициска сила, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.

Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализирани полицајци ќе бидат достапни за справување со какви било протести што би можеле да се случат.

Британскиот крал Чарлс ќе го угости Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета в четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.