Британската влада започна масовна програма за изградба на „нови градови“

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе објави голема програма за изградба на „нови градови“, што се смета како најголема од Втората светска војна, со цел да се надмине тешката станбена криза во Велика Британија.

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе објави голема програма за изградба на „нови градови“, што се смета како најголема од Втората светска војна, со цел да се надмине тешката станбена криза во Велика Британија.

Лабуристичката Влада, која дојде на власт во јули минатата година, планира да изгради 1,5 милиони домови до 2030 година.

Стармер ќе посети градилиште за да ги претстави плановите на неговата влада за „следната генерација нови градови“ – населби што се „добро дизајнирани, убави, со прифатливи станови, лекарски ординации, училишта и јавен превоз“.

Таа програма ќе се имплементира по „деценискиот пад во изградбата на станови“, рече лидерот на лабуристите. Стармер вети дека „стотици илјади работници и семејства“ низ целата земја ќе имаат корист од таа програма.

Тековниот план беше инспириран од програмата на лабуристичката влада од доцните 1940-ти за изградба на нови урбани области за да се олесни недостигот на станови по Втората светска војна. Веќе неколку години, Британија се соочува со станбена криза бидејќи понудата не успева да ја задоволи растечката побарувачка.

Според Даунинг стрит, во Англија се одредени над 100 локации за изградба на такви „нови градови“, со потенцијал да се изградат најмалку 10.000 домови.