Британската амбасада потврди дека соработуваат со македонската влада за справување со нелегалната миграција

По пишувањата на британските медиуми дека владите на Велика Британија и на Македонија преговараат за префрлање одбиени баратели на азил од првата во втората земја, синоќа се огласи британската амбасада во Скопје, велејќи дека двете држави соработуваат во борбата против, како што пишува, нерегуларната миграција.

„По клучната средба меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај, беше воспоставено Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји. Како дел од ова, потпишаа партнерство меѓу владите за реализација на критични инфраструктурни проекти. Оваа соработка беше зајакната и од двајцата премиери на Берлинскиот процес, кој се одржа во октомври оваа година“, објави британската амбасада на нивните социјални мрежи.

„Дополнително, двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнување на безбедноста и справување со криминалните мрежи. Ние цврсто стоиме покрај нашиот сојузник во НАТО за да го унапредиме просперитетот, безбедноста и економскиот раст“, изјавија од амбасадата.