Британија со нови 100 милиони долари помош за Украина

 Дополнителни 100 милиони долари помош од Велика Британија за Украина преку Светската банка за да се помогне во ублажување на финансиските притисоци предизвикани од руската инвазија, соопштија вчера од кабинетот на премиерот – Борис Џонсон.

Британија бара централна улога во меѓународниот одговор на руската инвазија врз Украина преку обезбедување одбранбена воена помош, заговарајќи построги санкции против Кремљ и финансиска поддршка.

Владата на Џонсон се соочи со критики дека нејзините санкции се премногу бавни и дека програмата за бегалци е недоволна.

Најновата финансиска помош, покрај веќе ветените 290,95 милиони долари, може да се искористи за плати на работниците од јавниот сектор во Украина или за финансирање на пензии и социјално осигурување, соопштија британските власти.

„Иако само Путин може целосно да стави крај на страдањата во Украина, новите средства ќе продолжат да им помагаат на оние кои се соочуваат со влошена хуманитарна ситуација“ рече Џонсон.

Парите ќе бидат исплатени преку Повеќедонаторски доверителски фонд на Светска банка, кој е наменет за итни донации во Украина, а кој веќе го користат некои други земји.