Далматинскиот портал јавува за драма која се случила во петокот, на летот на Рајанер од Задар до Лондон.
На социјалните мрежи кружи видео на млад турист од Велика Британија како одеднаш станува и се обидува да ја отвори вратата од авионот.
Младиот човек, кој според тамошните медиуми бил под дејство на наркотици, најпрвин почнал да вика, по што поминал покрај стјуардесата и истрчал кон вратата, но двајца патници скокнале врз него и успеале да го соборат на подот.
Локалните медиуми јавуваат дека најголем дел од патниците се враќале од фестивалот во Зрќе.
♬ original sound – JP🌸