БРИСЕЛ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА УНГАРЦИТЕ: Потегот на Орбан ги разбесни – „Суспендирајте ја одлуката или ќе бидете дадени на суд“
Еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон денеска побара од Унгарија да ја прекине дискриминацијата во продажбата на гориво на сопствениците на возила со странски регистарски таблички или да се појави на суд, се наведува во писмото на Европската комисија, до кое Ројтерс имал пристап.
На почетокот на годинава Унгарија објави дека камионите со тежина од 7,5 тони и камионите со странски регистарски таблички од 3,5 тони нема да можат да купуваат гориво по субвенционирана цена од 1,21 евро за литар, туку по целосна пазарна цена.
Бретон рече дека тоа значи дека возилата со регистерски таблички од другите земји на ЕУ треба да платат гориво од 50 до 60 отсто повеќе од возилата со унгарски регистарски таблички и дека тоа е директна дискриминација, спротивно на правилата на ЕУ.
Тој во писмото наведува дека Европската комисија го задржува правото да покрене итна постапка за прекршување на правилата, што може да доведе до судска постапка против Унгарија и парични казни.
Унгарија соопшти дека мерката е воведена поради „туризмот на гориво“ и зголемениот транзитен сообраќај, што ја зголеми потрошувачката на гориво.
Потсетуваме дека возачите со странски регистарски таблички повеќе не можат да купуваат гас во Унгарија по цени ограничени од Владата – најниски во ЕУ, објави во четвртокот Будимпешта.