Бремена жена загина во руски ракетен напад во Днипро

Руски проектил утрово уби две лица во Днипро, четвртиот по големина град во Украина. Меѓу убиените има и бремена жена, објави Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Три лица се ранети во нападот и се хоспитализирани, објави таа.