Холивудскиот актер Бред Пит во интервју за „Џи-кју“ вели дека има проблеми да ги препознава луѓето и да помни лица. Смета дека понекогаш му е мачно да се сети на луѓето што ги запознал, дали во минатото или пред неколку секунди.
„Многумина мислат дека сум арогантен и не ми веруваат. Поради тоа ми е многу непријатно, изјави тој.
Пит мисли дека боледува од прозопагнозија, состојба при којашто луѓето не можат да ги препознаат ни членовите на семејството, партнерите или пријателите, па се справуваат со тоа користејќи алтернативни начини за препознавање на луѓето, како што се сеќавањето на начинот на кој одат, нивната фризура, гласот, облеката.
Сѐ уште официјално не му била дијагностицирана болеста, па Бред изрази и желба да запознае личност која боледува од прозопагнозија, а вели и дека токму поради тоа ретко излегува надвор, за да избегне разни непријатни ситуации.