Актерот Бред Пит на 18-ти декември годинава го прослави својот 60-ти роденден, а по тој повод славеше речиси цела недела.
Во вторникот (19.12) актерот заедно со неговата девојка Инес де Рамон (34) направи мала интимна забава за пријателите во Лос Анџелес.
Бред и Инес беа фотографирани заедно, во добро расположение, а по забавата актерот беше „уловен“ од папараци како ги носи подароците што ги добил.
Актерот и девојката мошне добро се кријат од јавноста, па овие заеднички фотки се вистинска реткост.
Но, оваа забава беше само епилог на претходните активности околу прославата на роденденот на актерот. Претходно, тој и Инес беа на патување во Париз, каде престојуваа во хотел со 5 ѕвездички.
Парот беше фотографиран додека се шета низ улиците на Париз, а наводно за неговиот роденден во понеделникот имале вечера со приватен готвач, по што заминале на концерт во Théâtre du Châtelet.
Инаку, ова е прва посериозна врска на Бред Пит, по разводот со Анџелина Џоли, а Инес претходно беше во брак со актерот Пол Весли од 2019-та до 2022-ра година.
Гласините за врската на Бред и Инес почнаа да кружат два месеца по нејзиниот развод, откако тие двајца за првпат беа забележани заедно на концерт.