Бран на грип ги полни болниците во Скопје, децата се најзагрозени

Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ работи со полн капацитет, а лекарите предупредуваат дека клиничката слика кај голем број деца е сериозна. Дневно низ амбулантите на „Козле“ поминуваат и до 250 деца, додека болничките кревети се речиси целосно исполнети.

Силниот бран на сезонски грип ги преполни болничките капацитети во Скопје, непосредно пред новогодишните празници.

Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ работи со полн капацитет, а лекарите предупредуваат дека клиничката слика кај голем број деца е сериозна. Дневно низ амбулантите на „Козле“ поминуваат и до 250 деца, додека болничките кревети се речиси целосно исполнети.

Во моментов, околу 80 деца се хоспитализирани со дијагноза пневмонија, а пет деца се на кислородна поддршка поради тешка клиничка состојба. Пациентите се од различни возрасни групи – од доенчиња до деца на школска возраст.

Лекарите апелираат на зголемено внимание и навремена заштита, со цел да се намали ризикот од сериозни компликации кај најмладите пациенти.