Жаир Болсонаро – претседателот на Бразил вчера бил примен во болница во Сао Паоло поради болки со стомакот. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека бил хоспитализиран откако се пожалил на „стомачна непријатност“.
На Болсонаро во јули 2021 година му беше дијагностицирана интестинална блокада, по што тој помина неколку дена во болница во Сао Паоло.
Неговиот лекар – Антонио Луиз Маседо го прекина одморот за да го лекува претседателот на Бразил. Истиот лекар го оперираше Болсонаро кога тој беше прободен со нож во стомакот за време на претседателската кампања во 2018 година.
Болсонаро ја презеде претседателската функција на почетокот на 2019 година, а оттогаш имаше неколку операции на цревниот тракт.