Бојмацалиев на граница ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев доцна синоќа на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши, демонстрирајќи го концептот „МВР за Граѓаните” на дело.

Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што како што најави Бојмацалиев, бројката од 225.000 обрасци се комплетира.

„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, информираше Бојмацалиев.