„Одвратно, брутално, не вратија во комунизмот. Синоќа вечеравме со децата, влегоа цивили, униформирани лица. Ја тресеа цела куќа. Како и во 1944 година, премиерот беше сведок на Черепот, мафијата. Издржавме 24 часа. Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат“.
Ова беа првите зборови на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов по ослободувањето од притвор по неполни 24 часа поминати во полициска станица.
Според она што го изјавил пред насобраните поддржувачи, но и новинарските екипи – немало обвинение против него и посочи дека станува збор за монтиран политички процес.
Од притвор беа ослободени и неговата портпаролка Севдалина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.