Бојан Јовановски во операциона сала за целосно отстранување на желудникот

На Бојан Јовановски утринава во градската болница во Скопје му се врши хируршка интервенција за целосно отстранување на желудникот, потврди за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ.

-Јовановски го примија да се оперира утринава. Тим од четворица лекари ќе ја изведе операцијата која што е со висок ризик, како што впрочем и укажаа лекарите специјалисти од областа во повеќе наврати во специјалистичките извештаи кои беа доставени до судот и до управата за извршување санкции. Сето ова можеше да се одбегне согласно препораките на лекарите специјалисти доколку на пациентотт му беше овозможено да се спроведе задолжителниот и строг здравствен режим кој беше невозможен во пенални услови и од тие причини лекарите препорачуваа дека единствено со времен прекин на казната и во домашни услови здравствената состојба на пациентот може да се санира и да се одбегне оперативниот зафат кој денеска се случува, вели адвокатот Туфегџиќ.

Тој додаде дека судот го одбил барањето за времен прекин на издржувањето на казната на почетокот на март.