Бостон уште еднаш победи со Мајами, се ближат кон пресврт!

Majaми водеше со 3:0 во финалето на Источната конференција, но Бостон тргна изгледа да ги промени работите и со втората победа изминатата вечер намали на 3:2.

Се уште Мајами е во позиција за место во големото финале, а историјата на НБА дури 150 пати еден тим водел со 3:0 во серијата и ниту еднаш противникот не се вратил од таа негатива.

Бостон со победата од 110:97 дојде на само една победа од изедначување.

Предводник на Селтикс беше Дерик Вајт со 24 поени, Маркус Смарт додаде еден помалку, додека Џејлен Браун и Џејсон Тејтум уфрлија по 21 поен.

Кај „жешките“ од Мајами, најефикасен беше Робинсон со 18 поени, а потфрли нивниот најдобар кошаркар, Џими Батлер, кој постигна 14 поени.

Бостон фуриозно го отвори натпреварот, поведе со 20:5 и Мајами не успеа да се врати во игра до крајот.

Шестиот натпревар од финалната серија на Истокот ќе се одигра в недела навечер, а Бостон ќе се обиде да стигне до израмнување.

Прв финалист во НБА лигата е тимот на Денвер Нагетс кој со 4-0 ја доби серијата против ЛА Лејкерс.