Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ по шест години.Официјално денес беше одобрен од Европскиот совет, со што БиХ им се придружи на Украина и Молдавија.

Европската Унија уште во 2003 година изрази подготвеност да ги прими сите земји од Западен Балкан во своето членство. БиХ поднесе барање во 2016.

„Ова е клучен чекор кон усогласувањето на БиХ со стандардите и прописите на ЕУ. БиХ мора да стане безбедна и просперитетна мултиетничка држава, за што се потребни одлучни политичари и функционални институции“, истакна високиот претставник за Босна, Кристијан Шмит.

Определбата за полноправно членство во ЕУ е содржана во договорот за формирање на новата власт во БиХ, што денеска го потпишаа Драган Човиќ, Нермин Никшиќ и Милорад Додик, лидерите на трите најголеми етнички партии.