Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел.
„Во контекст на неговата кандидатура за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Борут Пахор работи на подготовка на нацрт-план за понатамошно успешно спроведување на дијалогот, кој за жал е во застој“, потврди портпаролката на Пахор, Спела Вовк.
Според неа, пред да го заврши нацртот, Пахор сака да се консултира со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, членките на ЕУ и претставниците на земјите од Квинта, која ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД.
Со поддршка на премиерот Роберт Голоб и шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон, Борут Пахор е кандидат на Словенија за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, со што ќе го наследи Мирослав Лајчак, кој заминува на нова позиција како амбасадор на ЕУ во Швајцарија оваа година.