Борусија киксна, тага во Дортмунд – Баерн Минхен е фудбалски шампион на Германија

Неверојатно последно коло во Бундеслигата по кое Баерн Минхен се радува на нова титула, Баварците победија во Келн, а Борусија Дортмунд која беше во пол позиција одигра само 2-2 против Мајнц.

Борусија Дортмунд остана без титула во Германија, а за тоа се самите виновни. Им требаше победа против Мајнц, но на домашен терен ја прокоцкаа шансата.

„Милонерите“ губеа со 2:0 по првиот дел, но успеаја до крајот да израмнат, сепак тоа не беше доволно, бидејќи Баерн Минхен како гостин славеше со 2:1 кај Келн.

Со ова Баварците ја освоија 11-тата круна во низа.

Оваа титула отиде кај Баерн Минхен поради голот на Мусиала во 89. минута, со тој гол тимот од Минхен дојде до победа против Келн од 2-1.

Од Бундеслигата испадна Шалке кој загуби со 4-2 кај Лајпциг, Штутгарт ќе игра бараж за опстанок откако одигра само 1-1 против Хофенхајм.

Овој резултат им одговараше на Аугсубрг и Бохум кои се спасија од испаѓање.

Унион Берлин со 1-0 го совлада Вердер Бремен и го сочува четвртото место кое ги води во Лигата на шампионите.