Борко Ристовски: Јас сум тргнат од репрезентација политички, по наредба на висок човек!

Актуелниот ракометен голман на скопски Вардар – Борко Ристовски кој долги години го чуваше голот на македонската ракометна репрезентација првпат јавно открива зошто преку ноќ неговото име исчезна од репрезентативниот список. Ристовски во емисијата „Ферплеј со Јана“, на тв Телма сподели дека надвор од репрезентацијата е затоа што за тоа има политичка наредба.

„Јас сум тргнат од репрезентацијата политички, по наредба на икс висок човек, не е ни важно не сакам да навлегувам. Меѓутоа сите тие пресметани ризици јас ги знаев и пред да застанам јавно на една политичка страна. Не очекував дека ќе биде толку радикално против мене, но јас сум човек кој е независен од никого и апсолутно ослободен од сите стеги на општеството и финансиски и човечки и карактерно и како да е. Во иднина ќе бидам уште порадикален и јас, затоа што треба да се направат промени во спортот, за навистина да се дадат шанси на млади деца, кои навистина заслужуваат, а не да се користи спортот за политички цели. Јас тоа нема шанси да го толерирам, не толерирам неправди, така што тие се некои две-три работи кои ме испровоцираа да застанам и да заземам страна, зашто верувајте дека во Македонија спортот не ни оди во добра линија“ рече Борко Ристовски.

Тој не е дел од националниот тим на Македонија од јануари 2020. Година.