Борис Џонсон поднесе неотповиклива оставка од функцијата пратеник во британскиот парламент

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе неотповиклива оставка како пратеник во британскиот парламент, откако доби извештај од парламентарна комисија која истражуваше дали го довел во заблуда Долниот дом кога рече дека при организирање забави за време на пандемијата „Ковид-19“ , важечки беа сите ограничувања што беа во тоа време почитувани.

Во документот од 52 страници што го достави до комисијата во март, Џонсон призна дека го довел парламентот во заблуда, но инсистирал дека тоа не го направил намерно.

Тој призна дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите во Даунинг стрит, но изјави дека тоа се „важни“ работни настани, за кои тврди дека се дозволени, пренесува РСЕ.

„Ме избркаа неколку луѓе, без никакви докази за да ги поткрепат нивните тврдења, без одобрение дури и од членовите на Конзервативната партија, а камоли од поширокото гласачко тело“, рече Џонсон во изјавата за оставката.