Борис Џонсон: Инвазија врз Украина би бил катастрофален чекор

Премиерот на Велика БританијаБорис Џонсон го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека инвазија врз Украина би била катастрофален чекор.

Портпарол на Џонсон рече дека не планира да испрати борбени трупи во Украина за да и помогне на земјата да се одбрани од каква било руска агресија. Премиерот на Британија рече дека руска инвазија на Украина би била – болна, насилна и крвава работа!

„Нема апсолутно никакви планови за испраќање британски борбени трупи во Украина“ – истакна тој.

Британската амбасада во Киев соопшти дека дел од персоналот на амбасадата и членовите на семејствата на вработените почнале да се повлекуваат од Киев, но се наведува дека британската амбасада останува отворена и дека ќе продолжи да ги врши најважните работи.