Прославениот тенисер Борис Бекер ја одслужи осуммесечната затворска казна во Велика Британија поради финансиска измама и ќе биде протеран од оваа земја.
Бекер беше осуден поради затајување на данок и проневера на повеќе од 25 милиони фунти, откако прогласи и банкрот во меѓувреме.
Бекер живееше во Лондон од 2012 година, но никогаш не побара државјанство на Британија.
Со оглед на фактот што законите во оваа земја, велат дека секој кој што ќе стори сериозно кривично дело, по ослободувањето ќе биде протеран, а нема пасош на оваа земја, тогаш станува јасно дека Бекер веќе не е добредојден на Островот.