Борис Бекер е во затвор
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер (54), трикратен освојувач на Вимблдон е прогласен за виновен по четири точки од обвинението за кршење на британскиот закон за несолвентност, вклучително и отстранување на имот, прикривање долг и две обвиненија за неоткривање на имот.
Лондонскиот суд напомена дека Бекер префрлил 449.000 долари од неговата стечајна маса на други сметки, прикрил сопственост на 75.000 акции во технолошка компанија и криел заем од 871.000 долари.
Бекер се соочува со казна затвор од 2,5 години.
На судењето беше откриено дека милионите што ги заработил во текот на својата кариера ги снемало по неговиот развод и долговите бидејќи голем дел од неговите приходи престанале откако се откажа од професионалниот тенис.
Бекер ги негираше сите обвиненија, тврдејќи дека соработувал со доверителите задолжени да го обезбедат неговиот имот и дека постапувал по стручни совети.
Бекер моментно се наоѓа на отслужување на казната во затворот „Вандсворт“, но англиските медиуми пишуваат дека наскоро ќе биде преместен на нова локација, а постои можност и предвреме да биде пуштен на слобода или, пак, остатокот од казната ќе го помине во домашен притвор.