
Борисов: Сите треба да се придржуваат кон Договорот за добрососедство
„Разговарав со Антонио Кошта, со многу колеги, со Манфред Вебер, со колеги од Европската народна партија. Имаме Договор за добрососедство, таканаречен француски предлог, и инсистираме сите да се придржуваат до договорот и какви било провокации што се прават не се во ничиј интерес. Оваа декларација уште еднаш потсети дека фундаменталниот документ за модерната историја е Договорот за добрососедство“, рече денеска Борисов.
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, побара од сите да го почитуваат Договорот за добрососедство што го потпишаа Македонија и Бугарија.
„Разговарав со Антонио Кошта, со многу колеги, со Манфред Вебер, со колеги од Европската народна партија. Имаме Договор за добрососедство, таканаречен француски предлог, и инсистираме сите да се придржуваат до договорот и какви било провокации што се прават не се во ничиј интерес. Оваа декларација уште еднаш потсети дека фундаменталниот документ за модерната историја е Договорот за добрососедство“, рече денеска Борисов.
Според него, Македонија не ги впишува Бугарите во Уставот, а во исто време, во Бугарија се издадени над 100 илјади пасоши на граѓани на Северна Македонија.