Борисов: Решете ги важните прашања, фатете го бикот за роговите!

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Софија беше примен и од лидерот на бугaрската партија ГЕРБ – Бојко Борисов.

На почетокот на средбата Борисов ја напомена улогата на Бугарија за рестартирањето на процесот на евроинтеграции на Западен Балкан, кое започна за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.

Тој нагласи, дека целиот демократски западен свет го прифатил потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија во август 2017 година.

Борисов му порача на Ковачевски – Скопје да не ги одложува клучните теми за на крај.

„Тоа беше наша грешка. Важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш. Фатете го бикот за роговите. Решете ги веднаш“ рече Борисов.