Борисов испрати честитки за прифаќањето на францускиот предлог

Бојко Борисов – лидерот на опозициската ГЕРБ им честиташе на пратениците во македонскиот Парламент за прифаќањето на францускиот предлог. Тој на Фејсбук упати честитки за „мудрата и одговорна одлука на македонското Собрание со која се отвораат вратите за почеток на преговорите за членство во ЕУ“.

„Ова е процес кој е започнат уште во 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство и на преден план беше изведена заедничката историја меѓу двете земји. За време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018 година, ние бевме тие кои ја вративме темата за проширувањето на агендата на Европа. Отсекогаш верував дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е клучна за мјирот, разбирањето и просперитетот“ – напиша Борисов.