Борисов: Загубено е многу време за С. Македонија, со нова влада мора да застанеме цврсто на своите позиции
„Од разговорот разбрав дека во текот на овие години во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО се одвиваа многу процеси за Северна Македонија и се загуби многу време. Бев изненаден од објаснувањата кои требаше да ги дадам. Ние сме должни да формираме влада и да застанеме многу цврсто на нашите позиции“, рече Борисов.
Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на маргините на Собранието на третиот ден од почетокот на преговорите помеѓу ГЕРБ и ДБ за влада, зборуваше и за Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брисел.
Тој рече дека разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и станало збор и за Македонија.