Лидерот на ГЕРБ – Бојко Борисов бара Македонија да ги почитува меѓународните договори кои се дел од преговарачката рамка.
„Договорите, особено меѓународните вткаени во преговарачката рамка на ЕУ, треба се почитуваат“ изјави лидерот на ГЕРБ обраќајќи му се на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, јавуваат бугарските медиуми.
Борисов изјави дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат.
„Какви било толкувања не се добри за колегите од Северна Македонија“, смета Борисов.
Тој нагласи дека доколку има редовен кабинет ќе иницира средба со премиерот на Македонија.
„Без нашата и поддршката на Грција, РСМ нема шанси за ЕУ. Сега нека бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, сега веќе не можат да се потпрат на неа“, категоричен е лидерот на ГЕРБ.
Ова е одговор на Борисов на изјавата на Мицкоски од пред два дена во врска со евентуалните нови разговори за Францускиот предлог и за преговарачката рамка.