Борисов: ГЕРБ го отвори европскиот пат за Северна Македонија и Албанија

Благодарение на ГЕРБ, Албанија и Република Северна Македонија го започнаа својот пат кон НАТО и ЕУ, изјави лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ Бојко Борисов на средбата со Дејвид Харис, извршен директор на Американскиот еврејски комитет.

Борисов потсети дека денеска се навршуваат точно 5 години откако со  тогашниот премиер Зоран Заев го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство.

-Благодарение на нашиот предлог поднесен и изгласан во парламентот, РСМ и Албанија тргнаа по патот на Европа, а ние ги поддржавме прво нив и за НАТО“, рече поранешниот бугарски премиер, пренесува БГНЕС.

На средбата со Харис, Борисов истакна дека е многу важно да има политичка стабилност во Бугарија на позадината на опасните противречности во регионот меѓу Србите и косовските Албанци, меѓу Грција и Турција, како и војната на Русија против Украина.