Бориславова: Најважно е да има широк консензус за темата С. Македонија

Лена Бориславова – шефицата на кабинет на премиерот на Бугарија, синоќа по вонредниот коалициски совет рече дека е најважно да има широк консензус за прашањето меѓу двете земји, поради што е потврден ставот на целата владина коалиција дека оваа тема нужно треба да помине низ Народното собрание. Дипломатите во бугарското МНР ќе продолжат активно да работат и да се трудат да го заштитат бугарскиот интерес, смета таа..

Владејачката коалиција во Бугарија имала конструктивен дијалог на оваа тема, која е исклучително важна за бугарското општество, рече таа.

За тоа кога би можел парламентот да расправа за С. Македонија, Бориславова кажа дека „кога ќе има одлука и извештај од МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, тогаш ќе биде доставен предлог до Народното собрание, а во оваа фаза се уште не е стигнато до таму“.