Борел: САД повеќе не се главен сојузник на Европа

Соединетите Американски Држави повеќе не се главен сојузник на Европската Унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, предупредувајќи дека Европа е во „ново поглавје од реалноста“ и мора самостојно да обезбеди своја одбрана.

„Живееме во ново поглавје од реалноста. Мораме сами да обезбедиме своја одбрана“, рече Борел во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“.

Неговата проценка доаѓа во време кога односите меѓу САД и ЕУ влегоа во почувствителна фаза. На 5 декември 2025 година, Белата куќа објави нова стратегија за национална безбедност, која бара Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана.

Во документот се наведува дека Вашингтон повеќе не може да го носи товарот на европската безбедност во обемот во кој досега, а во исто време го критикува раководството на Европската Унија за, како што беше оценето, „нереални очекувања“ во врска со конфликтот во Украина.

Изјавите на Борел дополнително ја интензивираат дебатата во рамките на ЕУ за иднината на трансатлантските односи и потребата Европа да изгради свои, понезависни безбедносни капацитети во услови на сè поизразени глобални предизвици.