Владата во Русија не сака да склучи примирје бидејќи не ги постигнала своите воени цели, изјави високиот претставник на ЕУ – Жозеп Борел.
„Моментално, Русија не сака да седне да преговара за што било: она што таа сака е да ја окупира земјата. Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Таа сака сериозно да преговара само кога ќе обезбеди позиција на сила“ – рече Борел.
Борел, исто така истакна дека Европската Унија и нејзините сојузници ќе продолжат да испорачуваат воена помош за украинската војска.
„Ова е важно бидејќи сè ќе биде решено во следните 15 дена. Она што ќе остане запишано во историјата е способноста на Украинците да пружат отпор“ – потенцира Борел.