Борел пак се зарази со Ковид 19

Жосеп Борел – високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност денеска изјави дека е позитивен на коронавирусот.

„Согласно соодветните правила и процедури, јас сум во самоизолација. Се чувствувам добро“ – напиша Борел на социјалната мрежа Твитер.

Шефот на европската дипломатија беше позитивен на вирусот и во 2020 година, на почетокот на пандемијата.