Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, рече дека очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се насочени кон Охрид.

„По интензивната шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина, со претседателот на Србија и Аљбин Курти ќе разговараме за имплементацијата на анексот – составен дел од Договорот на патот кон нормализирање на односите“, напиша Борел на Твитер, пренесува Танјуг.

Во Охрид денеска се одржува средба на високо ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.