Борел остро го осуди израелскиот напад врз бегалскиот камп во Кан Јунис

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, остро го осуди убиството на цивили во нападот на израелските сили врз бегалскиот камп во Кан Јунис, кој беше прогласен за безбедна зона.

– Законите на војната мора да се почитуваат, цивилите да се заштитат и да се обезбеди одговорност. Не можеме да ја нормализираме хуманитарната катастрофа во Газа – рече Борел на X.

Жителите и лекарите денеска соопштија дека шаторската населба во близина на Кан Јунис во областа Ал-Маваси, која Израел ја прогласи за безбедна хуманитарна зона за раселените Палестинци, била погодена со најмалку четири проектили. Кампот е полн со семејства наредени од израелската армија да побегнат во него од други делови на територијата.

Цивилната служба за итни случаи во Газа соопшти дека најмалку 20 шатори се запалиле, а проектилите предизвикале кратери длабоки до девет метри. Се додава дека меѓу 65-те жртви имало жени и деца, но преглед на загинатите и повредените не бил веднаш.